Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска излезе со тврдењето дека оружјето што западните земји и го испраќаат на Украина само ќе ја продолжат војната во оваа земја, пренесуваат британските медиуми.
-Колку повеќе оружје Западот ѝ испраќа на Украина, толку подолго конфликтот ќе трае – кажа Лавров за време на посетата на Туркменистан.
Тој ги повтори претходните соопштенија од руското Министерство за одбрана за смртоносниот ракетен напад врз трговски центар во Кременчук, тврдејќи дека руските сили гаѓале складиште за оружје во близина, додавајќи дека во време на нападот трговскиот центар „не бил отворен“.