Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во изминатите 24 часа убиени се повеќе од 780 украински војници.
– Руската авијација, ракетните единици и артилеријата елиминираа повеќе од 780 украински војници во изминатите 24 часа – изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-потполковник Игор Конашенков.
Тој додаде дека над 300 украински војници и странски платеници, како и 35 парчиња тешко вооружување се елиминирани при прецизни удари во близина на Николајев.
– Од почетокот на специјалната воена операција, руските вооружени сили елиминираа 213 украински авиони, 1.355 беспилотни летала, 3.797 оклопни возила и 670 ракетни системи – наведе Конашенков.