Полицајци вчера околу 18 часот во атарот на село Ижиша–Македонски Брод фатиле албански државјанин додека се обидувал да изврши кражба.
-На место викано „Ветарник“ атар на с.Ижиша–Македонски Брод, при извршување на кривично дело „кражба“, од страна на полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод бил затекнат Ф.Т. (32) од Р.Албанија – информираат од МВР.
Истиот е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.