ПЛИВАЊЕ – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Американката Кејти Ледецки (25) доминираше и на најдолгата трка на Светското првенство (СП) во пливање во Будимпешта, на 1.500 метри слободно (време 15:30,15 минути), и го освои второто злато на шампионатот (на првиот ден победи на 400 метри слободно). Тоа за неа е 17-то злато од мундијалите или вкупно 20-ти медал на СП (има и три сребра).

Ледецки освои најмалку по четири светски титули во дисциплините 400, 800 и 1.500 метри слободен стил. Само уште нејзиниот сонародник Мајкл Фелпс има по четири и повеќе златни медали во три различни пливачки дисциплини на светските првенства. Повеќе медали од Ледецки на СП освоиле само Фелпс (33 злата) и Рајан Лохти (27 титули). Л.Д.