САД почнаа со дистрибуција на ковид-вакцина за деца постари од шест месеци. За неколку дена, вакцината треба да биде достапна низ целата земја, информираше координаторот на Белата куќа за ковид-19, д-р Ашиш Јха.
Кон крајот на минатата недела, американските регулатори ја одобрија вакцината на Модерна во две дози за младите на возраст од шест месеци до пет години, како и на Фајзер-БиоНТех во три дози за шестмесечни бебиња до четиригодишни деца.
Еден од пет родители на деца помали од пет години потврдиле дека ќе ги вакцинираат децата, штом тоа биде овозоможено, покажа анкетата објавена во мај од фондацијата Кејсер фемили.
Според официјални податоци, 29 отсто од децата на возраст од пет до 11 години целосно се вакцинирани со Фајзер-БиоНТех, откако вакцината е одобрена во октомври.