Фотовест

Подготвил: Митко Јовановски

Првиот голем кинески беспилотен товарен авион го изведе успешно првиот лет. Беспилотното летало „Т500“ е произведено во согласност со барањата на кинеските регулативи за цивилно воздухопловство (ЦЦАР). Првиот лет успешно е завршен во саботата, во градот Динмен, во централната кинеска провинција Хубеи. Целиот лет траел 27 минути, соопшти Кинеската авиоиндустриска корпорација (АВИЦ).

Беспилотниот товарен авион може да носи стандарден товар од 500 килограми, а може да го транспортира на растојание до 500 километри.