Македонските натпреварувачи остварија забележителни резултати на четиридневниот традиционален меѓународен коњички турнир во Божуриште, Бугарија одржан од 9 до 12 јуни, во организација на Светската коњичка федерација.
На коњичкиот центар „Генерал Крум Лекарски“, македонскиот тим предводен од Дарио Гроздановски-шеф на екипата, настапи во состав: Самир Реџепи, Љупка Аврамовиќ, Дарио Гроздановски, Леонида Гроздановска, Петар Милошевски и Сиља Дуковска.
Први места освоија Реџепи со грлото Коку сениор освои прво место во „Сребрена тура“ висина 1,25/1,35 м. и Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо во „Бронзена тура“ висина 1,10/1,20 м., со што македонската химна се слушна во два наврата, додека Сиља Дуковска со грлото Најтингел во категорија Деца висина 1,15/1,25м се пласира на 2-место во мешовита екипа.
На турнирот учествуваа 80 натпреварувачи од Балканот.