Во својата колумна, претседателот на МАНУ реторички прашува: „Како понатаму?“, истовремено давајќи одговор и громогласна порака…
„Грст политичари за грст денари веќе триесетина години ја држат Македонија во заложништво. Различни се патиштата за иднината на Македонија, но сите тие имаат заеднички именител: департизација на општеството. За да ги спречиме разорувањето, уништувањето, исчезнувањето, деградирањето на Македонија, за да не исчезне Македонија во оваа траурна тишина, не молчете!
Не молчете за неукост, за кусогледост, за самоукинување, за немање визија, за властољубие, за користољубие, за неправда, за недржавотворност, за работење против државните интереси.
Не молчете за исчезнувањето на Македонија, за партизирана Македонија, за поробена Македонија, за демакедонизирана Македонија, за предадена Македонија.
Не молчете за поморот на македонскиот род, македонското име, за сè што е македонско“, пишува Коцарев.
Прочитајте ја во утрешниот број на „Нова Македонија“