Лидерката на француската крајна десница, која беше и претседателски кандидат, Марин Ле Пен, денеска за време на нејзината посета на место на северот на земјата била гаѓана со јајца во главата.
Француските медиумите пренесуваат дека пред гаѓањето, се слушале и вулгарни псовки на нејзина смета.
Како што се гледа од снимка објавена на Твитер, додека поминуваше помеѓу граѓани, Ле Пен беше погодена со јајце директно во лицето по што со рацете го прекри лицето.
Од нејзината партија овој инцидент го оценија како „маргинален“.
Ова не е првпат лидерката на француската крајна десница да е гаѓана со јајца. Со таков инцидент таа се соочи и во текот на претседателската кампања.
Marine Le Pen a été visée par un jet d’oeuf cet après-midi à Saint-Amand-les-Eaux, dans le Nord. Une commerçante a entendu des cris tels que “Nique ta mère, Marine”.
Le RN parle du geste d’un “marginal” et assure que Marine Le Pen “n’a même pas eu un éclat”. – @le_Parisien pic.twitter.com/7wyO0sT894
— Nicolas Berrod (@nicolasberrod) June 3, 2022