Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во првото тримесечје од годинава, во споредба со четвртото тримесечје од 2021 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 7,5 проценти, за материјали за 10 проценти, а за вработените за 2,3 проценти, објави Државниот завод за сттаистика.

Во споредба со првото тримесечје од 2021 година, пак, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 23,8 проценти, за материјали за 29,3 проценти, а за вработените за 12,5 проценти.