Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан му честитал за мудроста при дејствувањето на патот за автокефалност на МПЦ-ОА.
– Денеска, заедно со Владо Мислајловски, остварив средба неговото блаженство архиерејот на МПЦ-ОА г.г Стефан. На средбата честитав за храброста и мудроста на Синодот и поглаварот во делувањето на нашата Црква до патот на нејзината автокефалност, како чувар на нашиот идентитет и култура. Македонската црква која овозможува духовно обединување на нашиот народ е значаен столб во нашето суштествување како народ и земја. Да чекориме обединето, мудро и решително – напиша Мицкоски на Фејсбук.