Фото: Пиксабеј

Времето утринава ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 7 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 18 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне 26 степени.

За време на викендот се очекува сончево време. Од понеделник времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот.

Утрата ќе останат ведри и студени, со ниски температури кои на места ќе се спуштаат и под нула степени, соопшти УХМР.