КОШАРКА – НБА, ПЛЕЈОФ
Кошаркарите на Бостон го совладаа на свој терен Мајами со 102-82 во четвртиот натпревар во финалето на Источната конференција во НБА-лигата и успеаја да го израмнат резултатот на 2-2. За Мајами ова беше најлошиот одигран меч годинава. Сѐ беше решено уште на почетокот, кога Бостон поведе со 26-4, а гостите ниту еднаш не беа во водство.
Мајами не постигна кош од игра во првите осум минути, што е најлош почеток во историјата на НБА-плејофот. Почетната петорка на Мајами оствари само 18 поени, што е исто така најлошиот ефект од 1971 година.
Бостон, пак, постигна шест тројки помалку од противникот, а сепак убедливо славеше. Џејсон Тејтум беше најефикасен кај победничкиот тим со 31 кош, а кај Мајами, прв стрелец беше Виктор Оладипо, кој уфрли 23 поени.
Следниот натпревар се игра утре наутро на теренот на Мајами.