Двајца планинари од Кавадарци и еден од Неготино, денеска го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи, што се наоѓа на надморска височина од 4.164 метри.
Станува збор за кавадарчаните Гоце Попов и Весна Чемерска, членови на планинарското друштво „Орле” и неготинецот Пере Самандов.
– Немаше никакви проблеми. Планинаревме пет часа и триесет минути. На врвот беше минус осум степени, времето облачно – изјави Попов за МИА.