Бродот „Оушн Викинг“ на невладината организација „СОС Медитеран“ денеска спаси 158 мигранти кај либискиот брег, кои се наоѓале на два гумени чамци непогодни за пловидба, соопшти невладината организација.
Меѓу нив имало шест бремен и жени и повеќе деца, меѓу кои и тримесечно бебе.
Еден човек е повреден, соопшти Европската организација за потрага и спасување на море, чие седиште е во Марсеј.
Според првите сведоштва, мигрантите минале девет часа на море и многу од нив биле исцрпени и емотивно потресени, велат од организацијата, која работи со помош на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Централниот Медитеран е најопасната мигрантска рута во светот, според Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Агенцијата на ОН проценува дека во 2021 година на таа рута загинале или исчезнале 1.553 лица.