Српскиот патријарх Порфириј на својата Фејсбук страница објави видео од пречекот на македонската цркована делегација, кое се случило во попладневните часови во Белград.
Архиепископот Стефан прв го пречека Патријархот Порфириј, поздравувајќи се со меѓусебни прегратки.
– Како што камбаните ѕвонат на Светосавскиот храм, така и нашите срца чукаат од радост поради овој благословен ден. Добредојдовте драги браќа! Добредојде брате Архиепископе Стефане и владици. Добредојдовте во заедницата на љубовта, вие и вашиот благољубив народ. Браќа сме и само браќа-напиша српскиот патријарх на Фејсбук.
Во делегацијата на МПЦ се Архиепископот Стефан, Митрополитите Петар и Тимотеј, епископот Климент, Архимандритот Нектариј од манастирот Свети Наум во Охрид и Архимандритот Агатон од манастирот Свети Пантелејмон во Скопје.
Утре е закажана првата заедничка литиргија.
Погледнете го видеото од пречекот пред црквата Свети Сава во Белград: