Министерството за правда соопшти дека е формирана дисциплинска комисија која целосно ќе го испита случајот во врска со повикувањето во полициска станица на новинарката Соња Колевска Делевска за објавен текст.
-Министерството за правда ќе ја преипита постапката на раководителката и ќе преземе се што е во рамките на надлежностите и ингеренциите, а во најкус можен рок и ќе се произјасни. Министерството за правда ќе направи се за да ги заштити слободата на изразување и на говор кои се неприкосновени права во секое демократско општество – се наведува во соопштението од Министерството за правда.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја осуди постапката на службеници од Министерството за внатрешни работи кон колешката Соња Колевска-Делевска од дигиталната редакција сакамдакажам.мк, која беше повикана на службен разговор во полициската станица Центар поради објавен текст, а по поплака на државна службеничка која е раководителка во Министерството за правда. И Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро го осуди повикувањето на службен раговор во полициска станица поради објавен текст на новинарката.
МВР експресно да расчисти зошто новинарката Делевска е повикана во полиција за објавен текст