Вечерва во Торино, Италија, благодарение на минатогодишната победа на италијанскиот бенд „Манескин“, почнува 66-то издание на престижниот музички настан „Песна на Евровизија 2022“.

МРТ, носител на лиценцата за овој избор, ќе врши директен пренос на Првата програма од првата полуфинална вечер, со почеток во 21 часот.

Ќе се претстават учесници од 17 земји. Претставничката на Албанија Ронела ќе ја отвори првата вечер. По генералната проба нејзниот настап беше цензируран од органзиаторите поради многу голотија.

Кога сме веќе кај иницдентите, не беше само нашата Андреа во фокусот на вниманието. На свечениот прием, по повод почнуавњето на фестивалот, еден екологист ги нападна преставниците на Италија, но сѐ мина без последици. Исто така на почетокот на војната во Украина, Русија беше елиминирана. Да се надеваме дека тоа ќе биде крај на непријатните случки и ќе ѝ се отстапи, заслуженото место на музиката.

Вечерва ќе ги слушнеме и претставниците на: Словенија, Швајцарија, Латвија, Летонија, Бугарија, Украина,Холандија, Португалија,Исланд, Грција, Норвешка,Хрватска, Молдавија, Данска, Ерменија.

В четврток, на втората полуфинална вечер кога ќе се натпреварува и нашата Андреа, која ќе настапи 11-та, а ќе ги слушнеме и интерпретациите на претставниците на: Србија, Финска, Израел, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.

Големото евровизиско финале е во сабота на 14 мај, кога ќе се претстават и пејачите од земјите на големата „петорка“, Велика Британија, Шпанија, Гранција, Англија и Италија.

Фаворити за победа се претсавниците на Украина, што е и очекувано со оглед на неколкумесечните случувања во оваа земја. Меѓу фаворитите е и Србинката Констаркта, која е една од ретките што ќе пее на својот мајчин јазик на евровисиската сцена, а меѓу фавортите се и претсваниците на Италија, Грција и на Кипар.

М.Т.