Експлозија одекна на брод во Истанбул, има и повредени, јави весникот „Сабах“.
„Експлозија избувна на брод во бродоградилиште во областа Тузла во Истанбул. Првичните информации укажуваат на петмина повредени работници“, пишува весникот.
Засега се верува дека причината за експлозијата, најверојатно, е истекување на гас.