Опфатот со вакцинација против ковид-19 е 46 отсто. Со поранешните бројки опфатот беше над 43 отсто. Тоа не значи многу, но многу битно е да знаеме дека имаме сосема доволен број вакцини и ги имаме на располагање за секој граѓанин кој е заинтересиран за вакцинација, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали.
За жал, посочи министерот, интересот за вакцинација е опаднат, меѓутоа паралелно со тоа е опаднат и бројот на новоинфицирани, што е позитивна вест.
– Тоа не значи дека и во иднина ќе биде така. Ние треба да бидеме подготвени како институции за соочување со каков било предизвик од коронавирусот – рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница Куманово по повод реализираниот проект за гасификација на оваа јавна здравствена установа.