„Кинетика на ноќта“ на Билјана Билбилоска

Самостојната изложба „Кинетика на ноќта“ на Билјана Билбилоска ќе биде отворена вечерва, во 20 часот, во малиот салон на домот на културата „Кочо Рацин“. На изложбата ќе бидат претставени дела изработени во акрилна техника, а насликани последните две години. Тематски, конкретниот ликовен индивидуален дискурс на оваа изложба се поврзува со дематеријализацијата на ноќта како епифеномен, латентен израз на метафизички спокој, но немерлив во своите изразни можности. Боите, движењата и насоките на темнината во сите свои визуелни манифестации го заокружуваат кругот на овој опус. Ноќта како будност, тишината како звук, спокојот како емотивна кинетика, сето тоа обединето во една единствена уметничка целина.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и ќе биде отворена до 21 април.