Лидерот на терористичката група Ал Каеда се појави на видеоснимка, со што ги отфрли гласините за негова смрт.
Во едно од ретките негови објавени видеоснимки Ајман ал Завахри, кој беше заменик на Осама бин Ладен, ја фали индиската муслиманката која во февруари јавно се спротивстави на забраната на властите во југозападната индиска држава Карнатака за носење традиционалниот хиџаб.
Снимката е прв доказ дека Ал Завахри е жив, за кој се ширеа шпекулации дека е мртов повеќе од две години.
Ал Завахри ја презеде функцијата лидер на Ал Каеда по убиството на Бин Ладен во 2011 година, од страна на американската морнарица за време на ноќниот напад во Пакистан каде што се криеше.
Се смета дека Ал Завахри се наоѓа некаде во северозападните авганистански провинции Кунар и Бадакшан на границата со Пакистан. Пограничниот регион долж непристапните планински масиви служел како засолниште за голем број вооружени групи.