Велика Британија, која овој месец претседава со Советот за безбедност на ОН, за утре свика состанок на Советот за безбедност.
Главна тема на разговорите ќе бидат податоците за масакрите што ги изврши руската армија во Украина.
Тоа на Твитер го објави постојаната британска претставничка во ОН, Барбара Вудворд.
– Изминатиот викенд, во застрашувачки снимки и извештаи од Буча, видовме застрелани невооружени украински цивили со рацете врзани зад грб. Повеќе од 800 тела се оставени на улиците или фрлени во масовни гробници. Жените беа силувани пред очите на нивните деца-вели таа во специјалната видео изјава.
Според неа, го користат нивното претседавање со Советот за да гарантираат транспарентност, одговорност и правичност.