Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека „непријателските“ земји, вклучително и сите членки на ЕУ, ќе треба да отворат сметки во руски банки и да плаќаат во рубљи за испорака на гас од април.
– Тие мора да отворат сметки во руските банки за да плаќаат во рубљи. Токму од тие сметки ќе се вршат плаќања за испорачан гас почнувајќи од утре, 1 април – нагласи Путин во телевизиска изјава.
Тој додаде дека дека додколку нема уплати тоа ќе предизвика „стопирање на постоечките договори“.