Вкупното резидентно население на земјава, на 5 септември 2021 година изнесуваше 1.836.713 жители. Од нив, 50,4 проценти се жени, а 49,6 проценти се мажи.
Според возрасната структура, најголем процент од населението (7 отсто) – се во возрасната група од 40-44 години, покажа Пописот, кој го спроведе Државниот завод за статистика.
– Според изјаснувањето за етничка припадност, 58,44 отсто од населението се изјасниле како Македонци, 24,30 отсто како Албанци, 3,86 отсто како Турци, 2,53 отсто како Роми, 0,47 проценти како Власи, 1,30 проценти како Срби и 0,87проценти како Бошњаци и др. – објави Државниот завод за статистика.
Според религиската припадност 46,14 отсто се изјасниле како православни, 32,17 проценти како муслимани (ислам), 0,37 проценти како католици.
-Во овој Попис се појавија и други религиски заедници кои ги немаше во претходните пописи, а тоа се: евангелско протестантски христијани, агностици, будисти и други – објави Државниот завод за статистика.
Објавени податоците од пописот – 54,25 отсто Македонци, вкупно 1.836.713 жители во земјава
Вкупно 61,38 отсто од попишаното население се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот, 24,34 проценти албански мајчин јазик,
3,41 проценти турски, 1,73 отсто ромски, 0,17 отсто, влашки, 0,61 отсто српски и 0,85 проценти босански јазик.