Животни

Според интернет-страницата „Д интелиџенс оф догс“, трите најмалку интелигентни раси кучиња во светот се англиски булдог, басенџи и авганистански ’рт.
Англиски булдог: Англискиот булдог е исклучително популарно мало мускулесто куче. За овие кучиња не е непознато дека се мрзливи и тврдоглави во вистинска смисла на зборот. Значи, иако не се најмотивирани за учење, тие не се глупави. На видеа на Јутјуб можете да видите како можат да бидат вистински сурфери и скејтери. Значи, ако сакате да земете ваква раса кучиња, знајте дека тие го обожаваат своето семејство и брзо се приспособуваат.
Басенџи: Ова е древна раса кучиња, која научниците ја прогласија за најстара раса во светот врз основа на анализа на гените. Исто така, овие кучиња не лаат, туку произведуваат звуци слични на јодлање. Тие преживеале неколку илјади години сами. Значи, ова е независна раса кучиња што сака да размислува за себе. Сепак, тие избираат да слушаат една личност ако ги тренирате доволно добро, додека другите околу нив не го доживуваат тоа.
Авганистански ’рт: Станува збор за кучиња што одамна се познати по своето достоинство и убавина. Иако се познати како раса со најмала интелигенција, тие се одлични во кучешките спортови што бараат агилност. Имаат изразен ловечки инстинкт и често бркаат помали животни. Тие се исклучително брзи и можат да трчаат 65 километри на час. Тие се на врвот на оваа листа бидејќи сакаат да размислуваат со своја глава и не е лесно да ги дресирате.