Германија се стреми да го запре речиси целиот увоз на руска нафта до крајот на годината поради инвазијата на Москва на Украина.

– Секој ден, всушност секој час, се збогуваме со рускиот увоз. Ако продолжиме, ќе бидеме независни од рускиот јаглен до есен и речиси независни од руската нафта до крајот на годината – изјави министерот за економија и клима Роберт Хабек.

Според официјалната статистика Германија во моментов увезува една третина од нафтата, 45 проценти од јагленот и повеќе од половина од целиот увоз на гас и е од Русија.