Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Анталија каде што учествува на Димпломатскиот форум имаше средба со премиерот Република Бугарија, Кирил Петков, соопшти МНР.
На средбата станало збор за воениот конфликт во Украина и како ќе се рефлектира во однос на безбедносната состојба во регионот на Западниот Балкан и Европа.
– Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот. Нашата европска интеграција станува безбедносно прашање и само позитивен исчекор во оваа насока ќе допринесе кон општата безбедност и сигурност на целиот европски континент – истакнал Османи.
На средбата е изразено задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа, беа дискутирани разменетите предлози за унапредување на соработката во повеќе области.
Во однос на пакетот политички прашања беше нагласено дека непосредната комуникација на политичко и експертско ниво е ефективен метод и како таков ќе продолжи да се користи во контекстот на продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог.
Оценето е дека атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност кој преовладува на досегашните средби се вистинскиот правец и се очекува да водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на двете земји, се вели во соопштението од МНР.