Посети го музејот
Спомен-куќата, која е посветена на народниот херој Благој Јанков-Мучето, се наоѓа во центарот на Струмица во близината на Малиот градски парк. Таа е еднокатна приземна куќа со четири соби, од кои две се во битов дел, односно со автентични етнолошки предмети од времето кога во неа живеел Благој Јанков. Другите две соби се преуредени во постојана поставка со фотографии, лични предмети и одликувања, со цел визуелно да се прикажат животот и делото на Благој Јанков-Мучето.
Благоја Гане Јанков-Мучето е роден на 3 јуни 1911 година, загинал на 4 јули 1944-та, а за народен херој е прогласен во 1951 година. Роден е во Струмица, во работничко семејство, а неговиот татко Минчо Коцев починал кога Благој имал четири години, па мајка му Кумјанија, како вдовица со две деца, се омажила за Гоне Јанков, по кого Благој го добил презимето Јанков.
Летото 1944 година, бугарскиот окупатор го лоцирал неговото скривалиште, во домот на Спиро Захов во Струмица, а потоа во нерамноправна борба на градските улици, во родната Струмица, херојски загинал Благој Јанков-Мучето.
Меморијалниот музеј бил отворен на 14 јули 1964 година, на годишнината од загинувањето на херојот.