Фото: МНР на Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Турција се сретна со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба. Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека средбата била тешка, а разговорот со Лавров бил без договор за прекин на огнот и хуманитарен коридор од Мариупол. Посредник на средбата беше турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу.

Лавров рече дека денешната средба покажала дека нема алтернатива за разговорот. Зборувајќи за руската страна, тој рече дека приказната за хуманитарните коридори сè уште е „на маса“, и дека се разговара кои патишта се најбезбедни.

– За време на последната рунда разговори руската страна излезе со конкретни предлози, а украинската нè увери дека ќе даде конкретен одговор. Сакаме сериозно да разговараме за работите – рече Лавров.


Не планираме да напаѓаме други земји, не ја нападнавме ниту Украина

Русија не планира да нападне други земји, како што не ја нападна ниту Украина, изјави денеска рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров по состанокот со украинскиот колега, Дмитро Кулеба во Анталија.

– Го потврдивме и тоа со барање од руска страна, да се отворат хуманитарни коридори, а самите причини и моменти кога се отвораат тие коридори се темелат врз состојбата на теренот и анализа на ситуацијата. Треба да се изберат најефикасните рути за да се извлечат цивилите од градовите – тврди Лавров.

Во последниот извештај, посочи Лавров, се гледа дека „операцијата се одвива според планот“.

– Морам да ги спомнам проценките за напредокот на воената операција, што ги радува портпаролот на нашето Министерство за одбрана и претседателот, тие велат дека операцијата се одвива според планот – појасни тој.

На новинарско прашање дали Русија ќе нападне некоја друга земја, освен Украина, Лавров одговори „не планираме да нападнеме други земји, не ја нападнавме ниту Украина“.

– Објаснивме неколку пати, се создаде ситуација во Украина, што претставува директна безбедносна закана за Руската Федерација. И покрај тоа што со години молевме, нас никогаш не нè сослушаа и тоа претседателот Путин многу пати го кажа. Откривме некои нови факти, во Донецк и во Луганск, териториите што ги ослободивме, се планирал напад на овие две народни републики и тоа овој месец – тврди Лавров.

Меѓу другото, Лавров изјави дека Украина „продолжи да биде слуга на западните експерименти“.