КОШАРКА – НБА
Со триумфот на Сан Антонио над Лос Анџелес лејкерс, со 117-110, Грег Поповиќ, еден од најуспешните и најхаризматични тренери во кошаркарската НБА-лига, ја впиша својата 1.335-та победа во тренерската кариера во НБА. Исто толку победи има и неговиот поранешен учител од Голден стејт, Дон Нелсон, кој води на таа листа. Поповиќ сиот овој успех го изгради од само едно столче на главен тренер на тимот од Тексас, на кој му се приклучи во 1988 година.