Русија вечерва објави дека утре ќе стапи во сила прекин на огнот во неколку украински градови поради евакуација на цивили преку хуманитарни коридори, јавија повеќе светски медиуми, a пренесува МИА.
Руската Федерација најави прекин на огнот од 10 часот (по московско време) на 8 март, „за евакуација на цивили од Киев и други градови“.
Станува збор и за градовите Суми, Харков, Чернихив и Мариупол, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана задолжено за хуманитарните операции во Украина, пренесено од руските новински агенции.