Русија одби да присуствува денеска на сослушувањето во Високиот суд на ОН каде Украина бара итна наредба за прекин на конфликтот, рече главниот судија.
– Судот жали поради непојавувањето на Руската федерација во овие усни постапки – рече претседателката Џоан Доногју.
Редот од места резервирани за руски адвокати во Меѓународниот суд на правдата беше празен денеска наутро кога беше отворено сослушувањето.
Претседателката на судот, американската судијка Доногју, рече дека рускиот амбасадор во Холандија ги информирал судиите дека „неговата влада немала намера да учествува во усната постапка“. Сослушувањето помина без руската делегација.