Речиси 500 руски војници се убиени од почетокот на војната во Украина, соопштија официјални лица од одбраната на Русија.
– Загинаа 498, а уште 1.597 се ранети во изминатите седум дена – тврди руското Министерство за одбрана во својот прв извештај за воени жртви откако земјата го нападна својот источноевропски сосед минатата недела.
Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олексиј Арестович, пак, тврди дека во Украина досега се убиени повеќе од 7.000 руски војници.
– Стотици руски војници се наоѓаат во заробеништво – додаде Арестович.
Податоците од Русија и Украина драстично се разликуваат.