Индиската влада организира летови за евакуација од соседните земји бидејќи украинскиот воздушен простор останува затворен, рекоа во петокот луѓе запознаени со развојот на настаните. Амбасадата на Индија во Украина во четвртокот беше прибежиште за повеќе од 200 индиски ученици во училиште во близината на Амбасадата во Киев, пишува Пуломи Гош за „Хиндустан тајмс“
Алтернативни маршрути за извлекување на странските државјани од конфликтот
Центарот организира летови за евакуација за Индијците заглавени во Украина, а трошоците за евакуацијата целосно ќе ги сноси Владата на Индија, изјавија во петокот луѓе запознаени со развојот на настаните. Во четвртокот, со ескалацијата на руско-украинската тензија, Украина го затвори својот воздушен простор принудувајќи еден лет на „Ер Индија“ да се врати од средината на патот. Министерството за надворешни работи соопшти дека Владата разгледува алтернативни начини за враќање на Индијците, можеби преку соседните земји на Украина.
Министерот за надворешни работи С. Џаишанкар во четвртокот разговараше со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за можна маршрута на евакуација преку Унгарија. Словачкиот министер за надворешни работи Иван Корцок, исто така, изрази подготвеност да ја олесни евакуацијата на Индијците преку Словачка.
Индијците што сѐ уште се во Украина ќе мора безбедно да стигнат до граничните точки каде што кампуваа претставници на МЕА. Оттаму ќе бидат однесени до најблиските аеродроми во соседните земји, се предвидува во планот што е моментално во сила.
Враќање преку Романија
Висок владин функционер изјави дека „Ер Индија“ планира да изврши два лета до романскиот главен град Букурешт за евакуација на Индијците, кои по пат стигнаа до границата меѓу Украина и Романија. Двата лета на „Ер Индија“ ќе полетаат од Букурешт в сабота (денеска – н.з.), соопштија властите. Растојанието помеѓу украинскиот главен град Киев и романската граница е приближно 600 километри и потребни се некаде помеѓу 8,5 и 11 часа за да се помине растојанието по пат. Растојанието од границата меѓу Украина и Романија до Букурешт е приближно 500 километри и потребни се некаде од седум до девет часа за да се помине растојанието по пат.
Враќање преку Унгарија
Се работи на уште една маршрута за евакуација преку Унгарија. Тимовите на МЕА се поставени на унгарската граница ЧОП-ЗАХОНИ во близината на Ужхород.