Медицински совет
Стресот кај луѓето не го поттикнуваат само надворешните влијанија туку често самите себеси се доведуваме до стресни ситуации поради лошите навики, за кои не сме ни свесни.
Будење во последен момент: наутро може да ви биде мачно да ја напуштите удобноста на креветот. Многумина имаат лоша навика да не обрнуваат внимание на алармот и стануваат во последен момент. Тоа го зголемува нивото на стрес и може да го наруши утринскиот ритуал.
Проверка на мејлот и преглед на социјалните мрежи: оваа навика исто така може да биде стресна, па избегнувајте ја додека не се разбудите сосема. Светот нема да се урне ако не ги прегледате пораките веднаш кога ќе ги отворите очите. Обидете се наутро да уживате, да си направите убав појадок и да се напиете кафе без да погледнете во мобилниот.
Туширање со жешка вода: никој не ужива во студен туш, но од тоа може да има голем број придобивки – го стимулира имунолошкиот систем и ве буди по долгиот сон.
Одложување на тешките задачи: идеите и мислите често се најјасни наутро, кога и продуктивноста е голема, па најдобро е веднаш да се ослободите од тешките и стресни задачи. Освен тоа, колку повеќе чекате,задачите ќе ви изгледаат се потешки.