Техно

„Касио“ го претстави новиот ретрочасовник „џи-шок“, кој е инспириран од интернетот од 1990-тите години, поточно од 1995 година. Станува збор за нумерички ограничена верзија на ДВ-6900, која е резултат на соработката помеѓу „Касио“ и „Парадајс јут клаб“, индонезиски моден бренд што се занимава со стилот на облекување од 1990-тите години.
Часовникот има светлозелено лице и главно копче, сребрена рамка и белезица. Целосните спецификации и списокот на сите компоненти не се објавени, но доколку ги следите претходните модели на ДВ-6900, се очекува висока отпорност на удар и водоотпорност до 200 метри. Треба да има и стоперица, аларм, автоматски календар и друго.
Првиот ДВ-6900 беше претставен во 1995 година, а тоа беше „џи-шок“ со електролуминисцентно заднинско осветлување. Дизајнот на часовникот е инспириран од дигиталната мрежа што стана главен извор на енергија во животот на луѓето во таа ера, а новиот часовник ја прикажува фразата „извор на енергија“ во црвена боја кога се активира заднинското осветлување.
Самиот часовник е спакуван во кутија што потсетува на стар ЦРТ-монитор. „Касио“ ќе произведе само 100 примероци од специјалната верзија.