Понекогаш е тешко да се поверува дека денес познатите актери некогаш се занимавале со сосема поинакви вообичаени професии. Дел од нив биле борачи, спортисти, музичари, модели, па дури и дилери на дрога.

Џони Деп – музичар

Џони Деп познат по улогата на капетанот Џек Спероу во филмскиот серијал „Пиратите од Карибите“ не бил секогаш познат холивудски актер. Пред да се појави на филмското платно, тој бил музичар во бендовите „Rock City Angels“ и „Pink Grenade“. Иако бил талентиран музичар, Деп многу подобро се покажа во глумата отколку во музиката.

Фото : Пинтерест

Одри Хепберн – балерина

Пред да стане актерка, легендарната Одри Хепберн кариерата ја започнала како балерина. Со балет почнала да се занимава на 16 годишна возраст, а актерската слава ја стекнала на 24 години по појавувањето во филмот „Римски одмор.

Фото : Пинтерест

Стивен Сигал – мајстор во аикидо

Денес славниот актер Стивен Сигал поседува црн појас од 7-ми ден во аикидо. Тој своевремено паралелно работел како инструктор за боречки вештини за полицајци и како музичар. Со своето богато боречко искуство тој станал цел на Холивуд, за во 1988 година за првпат да де појави во филмот „Над законот“.

Фото : Пинтерест

Дени Трехо – дилер на дрога

Пред да стане познат актер, Трехо познат како „Мачета“ поминал многу години во и околу калифорниските затвори. Тој станал зависен од хероин кој му донел многу неволји. По неговото последно затворање, се откажал од криминалниот начин на живот, а како актер дебитирал во 1985 година во филмот „Воз за бегство“.

Фото : Пинтерест

Чак Норис – боречки инструктор

Омилен актер, офицер на американските воздухопловни сили и мајстор за боречки вештини, е краткиот описот за Чак Норис. Магистрирајќи карате, во 1950-тите години во Јужна Кореја, Норис освои неколку турнири благодарение на кои доби улога заедно со Брус Ли во филмот „Патот на змејот“.

Фото : Пинтерест

Хали Бери – новинарка

Пред да стане позната актерка, Хали Бери работела како новинарка во „Дејли експрес“, но тоа не и било единственото занимање. Како Мис Америка, Бери на телевизија се појави во 1989 година, а во 2002 година за улогата во филмот „Чудовиштето Бел“ доби „оскар“ за најдобра женска улога.

Вин Дизел – брејк-денсер

Ѕвездата на филмскиот серијал „Брзи и бесни“ Вин Дизел, кариерата ја започнал како брејк-денсер, а подоцна станал рапер. Својата прва филмска улога Марк Синклер (неговото вистинско име) ја добил во 1990 година.

Харисон Форд – Столар

Сите ги сакаме филмовите за „Индијана Џонс“ и „Војна на ѕвездите“ кои нѐ враќаат во детството. Но, не толку многу луѓе знаат за претходната работа со која Харисон Форд го издржувал своето семејство, била столар. Неговата актерска кариера започнала во 1967 година кога ја добил својата прва улога во вестерн „Време за убивање“.

Фото : Пинтерест

Џејсон Статам – нуркач 

Имајќи сон да стане нуркач, Статам вежбал секој ден, а на 12 години веќе бил член на Националниот нуркачки одред во Британија. Иако немал значајни успеси во овој спорт, тој стана познат актер на кој му се восхитуваат милиони обожаватели.

Еди Марфи – стендап комичар

Инспириран од комичарот Ричард Прајор, 15-годишниот Еди бил решен да биде стендап комичар. Во 1980 година Марфи се појавил во „Сабота вечер во живо“, а потоа играл во повеќе комедии. Па така, од непознат стендап комичар, Еди се трансформирал во познат актер.

Фото : Пинтерест

Патрик Свејзи – танчар

Под влијание на неговата мајка, Патрик започнал како танчар, вежбајќи во училиштата за танц во Њујорк. Иако бил добро познат танчер, тој премина во филмскиот свет, станувајќи славен актер по неговите улоги во филмовите „Ваклан танц“ и „Дух“.

Мила Јовович – модел

Украинската актерка Мила Јовович својата кариера ја започнала на 9 години како модел. Таа работела за „Шанел“, „Диор“, „Ејч енд Ем“ и други брендови, притоа појавувајќи се во разни списанија. На филмското платно Мила дебитира на 12 години во филмот „Ноќниот воз за Катманду“, а својата прва главна улога ја доби на 15-годишна возраст во филмот „Плавата лагуна“. Вистинска актерска слава стекна со појавувањето во филмот „Петтиот елемент“.

Фото : Пинтерест

Џет Ли – шампион во вушу

Оние кои сакаат кунг-фу филмови знаат кој е Џет Ли. Во 1974 година, Ли стана национален шампион во вушу (боречка вештина). Неговата актерска кариера започнала во 1982 година, дебитираќи во филмот „Храмот Шаолин“.

Стив Мартин – Магионичар

Славниот комичар, Стив Мартин, пред да биде актер работел како магионичар во продавница за магични трикови во „Дизниленд“, каде што и самиот имал настапи на кои изведувал магични трикови. Неговиот комичен актерски талент стана очигледен во комедиите „Пинк Пантер“.

Фото : Пинтерест