Со сослушување на сведокот Павлинка Динева денеска во Кривичниот суд во Скопје заврши сослушувањето на сведоците предложени од Специјалното јавно обвинителство во предметот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности на локалните избори во 2013 година заврши.
Павлинка Динева, на прашња од обвинителката Фатиме Фетаи, рече дека во 2013 година за локалните избори била претседател на Избирачки одбор на Изборна единица 1727 во Струмица.
Објасни дека изборниот ден поминал во најдобар можен ред и дека тоа Избирачко место има голем број избирачи. По нејзино сеќавање кога била затворено гласачкото место, бројот на изброените ливчиња бил идентичен со оној од кочанот со запишани избирачи.
Со цел одбраната на обвинетиот Мендух Тачи да се подготви за вкрстено испрашување на сведоците, од кои дел беа сослушани од СЈО и на претходните рочишта, Судот даде пауза до 13 часот.
Одбраната на обвинетиот Мендух Тачи бараше одложување на денешното рочиште, со цел подготовка за вкрстено испрашување, иако на почетокот на рочиштето му беа врачени преводи од директните испрашувања на сведоците.
Откако ќе заврши вкрстеното испрашува на сведоците од страна на одбраната, одбраната ќе продолжи со директно испрашување на истите сведоци Борис Кондарко, Васил Крстев, Виолета Дума, Павлинка Динева и Субхи Јакупи.
Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.