Одржан протестен марш за случајот „Алфа”
Во спомен на починатиот Реџаил Ќерими, осуден на доживотна казна затвор за случајот „Алфа”, денеска од плоштадот Скендербег до канцеларијата на Европската Унија во Скопје, се одржа протестен марш од роднините на починатиот и група граѓани.
Учесниците на протестот побараа правда за овој случајот, бидејќи сметаат дека Ќерими починал во мистериозни околности. Јетула Ќерими, брат на починатиот Реџаил, во својот говор одржан пред канцеларијата на ЕУ, истакна дека политиката е главниот виновник за монтираните случаи вклучително и за случајот „Алфа”.
– Политиката го диригира судството, се поигрува со политички монтираните случаи. Тринаесет години баравме правда и цело време не лажеа дека случајот ќе се реши. Од друга страна барањата на Македонците се прифаќат за три дена – изјави Јетулах Ќерими.
Освен починатиот Ќерими, осудени доживотна казна затвор за предметот „Алфа” се и осудените Агим Ислами и Алмир Дрпљанин. Одбраната на осудените лица минатата година до Кривичниот суд Скопје, поднесе ново вештачење кое според нив ја потврдува нивната теза дека осудениот Ислами, нема врска со нападот и убиството на припаднците на единицата „Алфа” во ноември 2008 година на паркингот на ПМФ.