Животни
Некои однесувања на нашите миленици се длабоко вкоренети во еволуцијата, па така е и ова, кое датира од времето кога сè уште не беше нормално кучињата да живеат со нас и да спијат на кауч. Честопати велиме дека кучињата се најдобри пријатели на човекот, меѓу другото и затоа што ни овозможуваат многу смеа и радост со своето необично разиграно однесување, но мора да се признае дека понекогаш знаат да бидат малку чудни, кога ќе ја наведнат главата додека зборувате со нив или наеднаш ќе почнат да се тркалаат по тревата.
Сепак, постојат и вродени кучешки навики и однесувања за кои експертите денес имаат научни објаснувања. Веројатно сте забележале дека кучињата секогаш се виткаат во топка пред да заспијат слатко, но ако мислите дека тоа е само поради удобната положба, се лажете.
Маргарет Груен, доцент по бихејвиорална медицина на Државното ветеринарно училиште во Северна Каролина, вели дека тоа има свои корени во еволуцијата на кучињата.
Кога кучињата спијат во дивината, особено таму каде што е многу студено, тие ќе ископаат гнездо во земјата и ќе се склопчат во него. Телото свиткано во топка им овозможува подобро да ја задржат топлината. Исто така, оваа поза ги штити нивните најчувствителни органи од потенцијални предатори – објаснува таа.
Секако, на многумина им звучи глупаво, бидејќи знаат дека нивниот миленик не е во никаква опасност, но од кучешки аспект тоа е многу разумна тактика што ја наследиле од нивните предци.