Едно лице е повредено во пожар кој вечерва избил во куќа во тетовската населба Колтук, а огнот зафатил два објекта пред да биде ставен под контрола од противпожарната служба, според првичните информации од СВР Тетово кои ги пренесоа медиумите.
Повреден е 50-годишниот сопственик на куќата во која избил пожарот, кој со изгореници е пренесен во клиничката болница во Тетово.
Од тетовската територијална противпожарна единица информираа дека првично биле испратени четири возила, при што пожарникарите го изгаснале огнот за околу еден час.