Притвор од 30 дена доби вечерва возачот кој синоќа на булевар во Скопје со својот автомобил удри и ја уби 24 годишната девојка од Радовиш.
По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на ЈО, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото, велат од Основниот кривичен суд.