Ние не можеме да прифатиме македонскиот јазик да биде услов за почеток на преговорите со Европската Унија, истакна вечерва вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21.
– Ние во никој случај не сме во ситуација да прифатиме тоа да биде услов – категоричен е Маричиќ, додавајќи дека македонскиот јазик е впишан во личната карта на Обединетите Нации и тој валидно се користи како едно наше идентитетско одличје во меѓународните организации.
Тој очекува во процесот на евроинтеграција да опстане и пакетот Македонија – Албанија.
Маричиќ кажа и дека имало позитивна енергија на вчерашната средба меѓу премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков во Скопје, со што посочи дека очекува решавање на отворените меѓудржавни прашања.