Министерството за внатрешни работи на Казахстан соопшти дека осум полицајци и војници на националната гарда се убиени, а 317 лица се ранети за време на немирите низ целата земја.
Претходно руската телевизија „РЕН ТВ“, објави дека првата жртва беше демонстрант убиен во градот Атирау.
Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, рече дека апелирал до Регионалната безбедносна Унија предводен од Русија, Организацијата на Договорот за колективна безбедност, да му помогне на Казахстан да одговори на, како што рече, „терористичката закана“. Токаев не објави каков одговор добил.
Претходно Токаев прогласи вонредна состојба во целата земја и ја презеде функцијата претседател на Советот за безбедност од поранешниот лидер Нурсултан Назарбаев, откако илјадници антивладини демонстранти се судрија со полицијата и упаднаа во владини згради. Бранот немири кој трае неколку денови беше предизвикан до наглото покачување на цената на течниот гас.
Гневните демонстранти, од кои некои биле вооружени со гумени палки, стапови и штитови, на 5 јануари ја запалиле претседателската резиденција и канцеларијата на градоначалникот во најголемиот град во земјата, Алмати. Демонстрантите, исто така, ја презеле контролата врз аеродромот, што предизвика привремена суспензија на сите летови.
Полицијата се вклучи во жестоки пресметки со демонстрантите, употребувајќи солзавец, шок-бомби и гумени куршуми во обид да се растера толпата, но во голема мера таквите обиди беа неуспешни.