Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски 2022 година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола кои за новогодишната ноќ беа на дежурство.


Ковачевски и Матевски ја честитаа новата година и на дежурната екипа во комбинатот и им се заблагодарија на вработените што секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со енергетската криза во земјава.


Вработените велат дека не паметат кога последен пат во минатото директори на АД ЕСМ и на РЕК Битола ја поминале новогодишната ноќ заедно со нив. Ги споделија со менаџментот желбите за добро здравје во новата година и успех во работата.
М.М.