Вчера околу 23.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Д.(28) и Д.М., двајцата од Скопје.
При контрола на патничко возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, во с.Бразда, скопско, кое го управувал М.Д., а Д.М. бил сопатник, М.Д. го стартувал возилото и удрил полициски службеник, кој извршувал службени дејства.
Набргу потоа, возилото било сопрено на ул.„Јадранска магистрала“ и при преглед кај двете лица била пронајдена прашкаста материја.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.