Србија
Српската полиција, по наредба на Обвинителството за организиран криминал, ги уапси Д.П., директорот на Казнено-поправниот дом во Ниш, и уште две лица поради сомнение дека тие од осуденици земале по 5.000 евра мито за да ги пуштат на слобода. Во акцијата учествувале и припадниците на Безбедносно-информативната агенција (БИА), кои по оперативните сознанија ги лишиле од слобода директорот на затворот во Ниш и уште две лица што учествувале во процесот на пуштање на затворениците за пари на слобода.
Уапсените добиле мерка притвор од 30 дена и кривична пријава од обвинителството за примање поткуп и здружување за извршување кривични дела. Според она што го пишуваат медиумите, ваквата појава не била новина низ затворите во Србија, а тоа се должело на високата стапка на корупција и лесната поткупливост во земјата.