Земјотрес со јачина од 5,4 степени е регистриран во морето меѓу полуостровот Пелопонез и островот Крит, соопшти грчкиот институт за геодинамика.
Земјотресот се случил утрово во 5 часот на длабочина од речиси 58 километри.
Грчките медиуми јавија дека земјотресот бил почувствуван од Атина до Крит.
„Траеше околу пет секунди, беше доста силно и се чувствуваше дури и во подрумот на зградата“, изјави лице од Крит.
Нема извештаи за повредени или материјална штета.