Ако се тргне пандемијата настрана, какви работи го исполнуваат или му штетат на човекот во едно современо време на живеење, истражуваат Чарли Варзел и Ен Хелен Петерсен за „Атлантик“
Враќањето на здравиот начин на живот од клучно значење за функционирање во ера на дигитализација и ковид-19
Речиси двегодишното живеење низ пандемија беше тешко. Најтешко им беше на оние што се во првите борбени редови, оние што се плашат од тоа како клиентите ќе реагираат на нивните барања за носење маски, оние без работа или во постојан страв од начинот на кој новите соеви на коронавирусот се пробиваат низ заедницата. Беше тешко и за оние што се обидуваа да работат од дома и паралелно да ги надгледуваат своите деца додека следеа настава на далечина, за оние што се во целосна изолација и за оние што се плашат да се социјализираат.
Тежината на умствената работа
Но многу лица што се занимаваат со умствена работа уште пред појавата на пандемијата почнаа силно да ги чувствуваат последиците од прекумерните работни часови. Работните обврски многу често ја надминуваа работната недела од 40 часа, а ретко продуктивноста беше значајна или иновативна. Работевме напорно за да докажеме дека имаме волја, капацитет и сме достапни за повеќе работа. Општествено, ние сме научени да почитуваме и да се стремиме кон напорна работа. Иако можеби се работи прекувремено или се чувствува силниот притисок на тежината на барањата на вашето време и физичко вложување, тој труд секогаш ќе падне во однос на почитуваната напорна работа на некој друг. Многу од нашите предрасуди за напорна работа сè уште се вкоренети во аграрниот или индустрискиот начин на размислување. Работењето на отворено, или во фабрика, или на кој било начин што зема данок на телото, се смета за добра, благородна, дури и патриотска работа. Ако работите во затворен простор, на компјутер, дури и ако тоа влијае на телото на начин што не остава видливи траги, е јасно помалку почитувано.
Која работа е всушност вредна?
Многу од луѓето што се занимаваат со умствена работа се наоѓаат несигурни во одреден капацитет за работата што ја работат и како таа е вреднувана. Човекот реагира на оваа конфузија на мошне различни начини. Некои стануваат длабоко разочарани или радикализирани против исцрпувачкиот капиталистички систем. Другите се фрлаат на работа што ја централизираат како дефинирачки елемент на нивната самодоверба. Како одговор на егзистенцијалната криза на личната вредност, работењето го претвораат во единствена преокупација, надевајќи се дека во процесот на постојана работа на крајот ќе ги најдат целта, достоинството и сигурноста.
Но ваквиот начин на функционирање ретко дава вредност и значење за кое се надеваме дека ќе го добиеме. Пандемијата и дигитализацијата создадоа можност да ја преиспитаме структурата на нашите животи и, можеби, да ги отстраниме елементите што ни штетат. Ние веруваме дека флексибилната работа, но не и онаа за време на пандемијата или работа под притисок, може да го промени начинот на функционирање. Може да ве направи посреќни и поздрави, но исто така може да се одрази и на вашата заедница. Тоа може да го направи трудот во вашиот дом поправеден и може да ви помогне да бидете подобар пријател, родител и партнер. Иронично, тоа донекаде може да ја зголеми солидарноста на работниците. Тоа може да ви овозможи живот каков што го претставувате во вашите објави на социјалните мрежи, вклучувајќи ги активностите во слободното време и граѓанската вклученост. Затоа треба секој од нас да си ги преиспита приоритетите во животот, со цел да си го подобри квалитетот на животот.
Подготвиле: Дејан Србиновски; Билјана Здравковска